Најновата хит- комедија „Пациенти“ на Театар Провокација гостува во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид во сабота на 10 декември.
Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено. Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување. Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски, информираат од Театарот.
Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, а истата ќе биде одиграна со почеток во 20 часот во големата сала, а цената на картата е 200 денари.
OhridNews












