Со поставувањето на хоризонтална сигнализација се комплетира проектот за реконструкција на кракот од улицата „Даме Груев“. Обележувањето се изврши по сите сообраќајни стандарди, информира локалната самоуправа.
Претходно на улицата беше извршено асфалтирање, уредување на пешачките патеки од двете страни на сообраќајницата и беа поставени нови рабници.
OhridNews















