Голем број гости кои деновиве престојуваа во Охрид, поради честите и силни земјотреси, одлучија да си заминат. Особено оние со деца, кои престојувале во сопствени станови или пристигнале во сопствена режија.
Во однос на странските гости кои доаѓаат во Охрид преку тур-операторите, од ХОТАМ информираат дека не се забележани значителни откажувања на аранжмани.
– Еве и вчера пристигна нова група туристи. Засега нема некои значајни откажувања, има поединци, но не значи дека тоа е поради земјотресите. Стручните лица уверуваат дека не се очекуваат поголеми земјотреси и дека тлото постепено ќе се смирува, тоа им го објаснавме и на гостите. И во многу други туристички познати места во светот постојано има земјотреси, па и понатаму се едни од најпосетуваните, вели претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
Блажески изрази уверување дека и покрај актуелните случувања, туристичката сезона во Охрид ќе биде една од поуспешните.
Т.К.













