За пуштање музика од домашни и странски изведувачи хотелите ќе издвојуваат по два денари од остварено ноќевање, додека за угостителсњките објекти висината на оваа давачка ќе се утврдува според квадратурата на објектот но не повеќе од 270 денари за месец. 

Тарифите се утврдени со Договорот што денеска во Скопје го потпишаа Здружението на угостители при Стопанската комора на Македонија и Македонската музичка индустрија ММИ.

Според Договорот, угостителските објекти со површина до 50 метри квадратни ќе плаќаат 90 денари месечен надомест за пуштање музика, објектите со површина од 50-100 квадрати ќе издвјуваат 144 денари, а поголемите од 100 квадрати ќе плаѓаат 270 денари.

OhridNews