Слаб е интересот за сместување во хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера за претстојниот продолжен викенд, кога православните верници го слават Христовото воскресение, а годинава се совпаѓа со Денот на трудот – 1 Мај, оцени првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески.

Интересот е слаб, речиси и да нема. Има нешто резервации, некаде околу 20 проценти, но не е тоа што било други години, вели во изјава за „Миа“ Блажески, посочувајќи дека најголем дел од гостите се домашни туристи и многу мал процент од Србија.

Бројките за резервација не се сјајни. Ќе знаеме во текот на мај, но прво треба да се смири пандемијата, да се намали бројот на заразени со Ковид-19, што ќе придонесе во прикажувањето на земјава како безбедна турситичка дестинација, рече претседателот на ХОТАМ.
Во однос на средствата што хотелиерите ги добија со петтиот владин пакет за поддршка на бизнисот, појасни дека се исплатени платите и придонесите на вработените, но оти бизнисот директно не е помогнат.
OhridNews











