Со драматичните натпревари одиграни синоќа и ноќеска беше комплетирана фазата од 1/16-финалето на Светското првенство во фудбал, по што денеска започнуваат осминафиналните пресметки.

Египет обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри откако по изведување пенали ја совлада Австралија со 4:2, откако регуларниот дел заврши 1:1. Аргентина, пак, по голема борба и продолженија славеше над дебитантот Зеленортски Острови со 3:2. Светските прваци двапати имаа предност, но селекцијата на Зеленортските Острови успеваше да се врати во натпреварот, пред автоголот по ударот со глава на Ромеро во второто продолжение да го реши победникот.

Во последниот натпревар од оваа рунда, Колумбија минимално ја совлада Гана со 1:0 и го заокружи списокот на репрезентации кои ќе настапат во осминафиналето.

Денеска на програмата се првите два натпревари од осминафиналето. Во 19 часот по македонско време ќе играат Канада и Мароко, додека од 23 часот Парагвај ќе се сретне со Франција. Победниците од овие два дуели ќе се соочат во четвртфиналето.

OhridNews

Фото: Х