Охриѓанецот Трајан Целски – Тачо, кој пред 2 години се избори со тумор на мозокот, е исправен пред нов здравствен предизвик. За жал, болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба не е добра.

На Тачо итно му е потребна соодветна терапија која чини околу 20 000 евра.

На Охрид и охриѓани е уште еднаш да се сплотат и да ја покажат големата хуманост, која несомнено ја поседуваат, да му помогнеме на извонредниот млад спортист Трајан Целски Тачо.

По тој повод Црвениот крст Охрид постави хуманитрни кутии во локалните кафетерии, а отворен е и телефонски број за донации: 143 133 „Т-mobile“. Хуманите граѓани, исто така, можат да донираат средства за Тачо  и на следната жиро сметка: 500600018999581 – Ристо Целески АД „СТОПАНСКА БАНКА“

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ТАЧО!

OhridNews