На прес конференцијата што се одржа вечерва во Скопје, во одговор на новинарско прашање, Мицковски истана дека постои опција да биде претседател на ВМРО ДПМНЕ, но дека во моментов е фокусиран само на тековните партиските обврски и не размислувал воопшто дали ќе се кандидира или не на претсојниот вонреден конгрес на партијата.

-Во медиумите се вртат повеќе имиња, но она што можам да го кажам и сум сигурен е дека било кој од нив да биде иден претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира доколку оставката на сегашниот претседател Никола Груевски биде усвоена и прифатена на следниот вонреден партиски конгрес од страна на конгресмените, ќе значи следна победа на следните парламентарни избори, односно било кој да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе го порази убедливо Зоран Заев. – рече  Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ ќе одржи вонреден конгрес, откако лидерот Никола Груевски до органите на партијата поднесе оставка од функцијата, која треба да биде разгледана. 

OhridNews