Различен критериум, недосудени пенали и непризнаети погодоци за Хрватска се дел од пропустите на данските судии во дуелот со Германија кој „панцирите“ го добија со минимални 22-21. „Коцкастите“ после поразот ги загубија и теоретските шанси за полуфинале, а Ракометната федерација на Хрватска подготви видео материјал со крупните грешки на судиите од Данска.

Светската куќа на ракометот (ИХФ) го повлече видеото од пресконференцијата после мечот помеѓу Хрватска и Германија, откако селекторот на хрватите Лино Червар јавно ги прозиваше сите за според него срамната арбитража.

OhridNews