Одличните игри на престојното Европско првенство на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ не останаа незабележани од водечките клубови во Европа. Стрелецот на три погодоци за Хрватска, Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен откако се договори за личните услови со германскиот гигант.


Бундес лигата не е непознат терен за Манџукиќ, тој две години ги бранеше боите на Волфзбург. Во 56 настапи за “волците“, “супер марио“ постигна 20 погодоци.

Мх.П.