По повод 8 Март – Денот на жената под мотото „Подари цвет – разубави свет” учениците од – Охрид, традиционално ги посетија припадничките на понежниот пол во Здружението на пензионери. Учениците беа дел од креативна работилница, во која изработија цветови од хартија, приготвија вкусни колачи и десерти и им го честитаа празникот со стиховите од поетот Гане Тодороски.
„Жената е… жената е …
вита ива миризлива,
мека трева што подгрева,
боцкав венец крај кладенец,
мрава, сешто што преправа,
кревко птице назимниче,
тивка соба во злодоба,
прва љуба до прељуба,
свила што се распостила,
лето в сенка засолнето,
утро в сина виделина…”
Хуман гест на средношколците од ОУТУ „Ванчо Питошески”
OhridNews














