Група ученици од ОУ „Григор Прличев“ од V3 одделение самоиницијативно се вклучија во хуманитарната акција за помош на малата Ева, на која и е потребна итна операција во странство.Во рамки на акцијата која се реализира под мотото  „ПОМОГНЕТЕ ДА СЕ СПАСИ ЕДЕН НЕВИН ДЕТСКИ ЖИВОТ“ тие со хуманитарни активности за два дена успеаја да соберат и да донираат 21.500 денари. 

Оваа акција се уште трае, а овие ученици нека бидат пример како треба да се помогне. 

OhridNews