Хуман гест направија жените вработени во „Комерцијална банка“ – филијала Охрид.

Тие одлучија паричните средства што Синдикатот им ги додели за прослава на 8-ми Март, наместо за одбележување на празникот, да ги донираaт на детското одделение во специјалната болница за ортопeдија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.

На ова одделение тие денеска му подарија тв приемник и ДВД плеер, кои беа предадени на вработените во болницата.


Хуман гест на жените вработени во од филијалата на „Комерцијална банка“ – Охрид

Ohridnews