Голем број охриѓани ја покажаа својата хуманост донирајќи на собирните каси на Црвен крст Охрид, на денешниот хуманитарен настан за помош на Јана кој во организација на Црвен крст Охрид и Oriflame се одржа на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

За возврат, дел од нив од тимот на Oriflame добија тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција, а дел се забавуваа со волонтерите на Црвен крст со добра музика и конзумирање на производите на Рондо трејд, сокови, кафе, топло чоколадо и друго.

Оваа хуманитарна акција со истите содржини и на истата локација продолжува и утре, сабота, од 11-16 часот.

Средствата собрани од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

Акцијата е поддржана од ресторанот „Лихнидос“.

На 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак потребна и е помош. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

OhridNews