Голем број верници кои присуствуваа на одбележувањето на празникот Водици на градското пристаниште учествуваа во акцијата за доброволно дарување крв, што денеска ја организаираа охридскиот Црвен крст и одделението за трансфузиологија при општата болница во Охрид.


хуманоста на дело

Меѓу крводарителите имаше охриѓани но и хумани луѓе од други градови. Илко Стефаноски (на фотографијата горе) дарува крв 12-ти пат. “Секоја година дарувам крв на овој ден и добро е секој кој може барем еднаш да дарува крв“, ни рече Илко. Милован Секулоски крв дарува втор пат, и втор пат на Водици. Мотивите ми се чисто хумани вели Милован.


Милован Секулоски

Меѓу крводарителите затекнавме и една дама рекордер. Ленче Банова од Виница во изминатите 15 години има дадено крв 48 пати. Вели дека сака да им помага на луѓето и дека и во иднина  ќе продолжи со хуманите дела.


Ленче Банова