Во вилата Минами денеска ќе се одржи хуманитарен ден за помош на малата Ева која боледува од тешка болест и итно и е потребна операција во странство.

Со секоја сметка донирате, а вкупниот промет ќе биде дониран за лекување на Ева.

Во Охрид деновиве се организираат повеќе хуманитарни активности за помош на малата Ева. Акцијашите од клубот „Брег на младоста“ го исчистија дворот на црквата Св. Троица во населбата Црногорци која ќе донира средства за лекување на Ева. Волонтери на клубот деновиве им помагаат на купувачите во маркетите Тамаро и ги анимираат да донираат во хуманитарни цели, а волонтерите на Црвениот крст со педесеттина кутии за помош на Ева го крстосуваат градот.

OhridNews