На 05.12.2019, четврток, во 16 часот во Домот на култура „Браќа Миладиновци” во Струга, учениците и професороте од средното и основното приватно училиште „Јахја Кемал“ од Струга организираат хуманитарен концерт за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди соседна Албанија.

Цената на билетот ќе биде произволна за секој посетител, а собраните средства ќе бидат дониранина најпогодените семејства.

Училиштето исто така, спороведува акција за собирање храна, средства за хигиена и други производи и намирници, се со цел да им се помогне на нашите драги соседи во овие тешки моменти.

OhridNews