Денес во просториите на Дебарско-кичевската митрополија во Охрид, Неговото високопреосвештенство митрополитот г. Георгиј оствари средба со архиепископот Михаил од Православната црква во Америка. ​

Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, во придружба на архиепископот Михаил, меѓу останатите, биле и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“ во Пенсилванија, и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер.

OhridNews