На летната тераса на хотел „Палас“ – Paulaner Beer Garden, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на младата охриѓанка која се бори со тешка болест и има потреба од скапо лекување во странство.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на хуманитарната акција и со своето присуство да дадат поддршка. Влезницата чини 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за нејзиното лекување.
Да бидеме хумани. Да подариме надеж. Да покажеме дека музиката има сила да обединува, порачуваат организаторите на настанот.
OhridNews












