Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на Јана. Овојпат, партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад  „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 часот ќе се одржи акција со многу дружење и забава, зачинета со хуманост.

Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција, информираат од Црвен крст.

Дел од акцијата се и ресторанот Лихнидос и пијалоците на фирмата Рондо трејд. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

OhridNews