Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 18 до 24 април 2022 година под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција.

Цел е подигнување на нивото на свест на населението за потребна помош и поддршка на ранливото население, за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, како и за бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град, велат од ОО Црвен крст Охрид.

Апелираат и ги повикуваат нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со донирање на материјални добра (прехранбени производи и средства за хигиена) во просториите на Црвен крст Охрид ул. „Димитар Влахов“ 52, донирање на парични средства (100 ден.) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400, на жиро-сметка на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“, со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ 300000001327966, депонент Комерцијална банка, DB 4030984271620, или со електронска уплата на средства на интернет страницата на Црвениот крст.

Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства, додаваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews