Во четврток, 24 септември на стадионот пред хотелот Аквалина со почеток во 20ч. ќе се одржи хуманитарна забава за помош на младиот охриѓанец Трајан Целески-Тачо. Настанот е во организација на група младинци од Охрид.

На забавата ќе настапат Dj Face и бендовите „Броз“ и „Камелеон“. Влезот ќе чини 100 денари, а може да се изврши и резервација на маса на тел.076592253 или 070568650.

На настанот ќе бидат спроведени сите протоколи за заштита од коронавирусот, изјавија организаторите.

Медиумски покровител на настанот е OhridNews.

OhridNews