Охрид со своето природно и културно богатство е препознатлив и привлечен и во светски рамки, нагласува охридскиот новинар, публицист и автор на фотографија Стојан Савески кој деновиве од дигиталната платформа Academy Photo Award (Академијата за фото награди) е награден за автентична фотографија за трудот „Изворите кај Свети Наум“.

Изворите во Св. Наум. Фото: Стојан Савески.

Годинава темата на која учествуваа автори од над 70-тина земји од светот беше посветена на темата „Природа 2026“, со седум под категории меѓу кои во „Пејзажи“ имаше најголем број на учесници. Интернационалното жири од сите поднесени фотографии од цел свет избра нешто помалку од 80 локалитети ширум светот, а кои ги прогласи за особено специфични места со значајни вредности и убавини, истакнува авторот Савески

Охрид со изворите кај Свети Наум пленат не само со ретко убавите пејзажи во текот на целата година, туку и по извонредната флора и фауна, заради која се дел од Националниот парк „Галичица“.

OhridNews