SRC BIljanini Izvori

Од 12.02.2020 - 18:00 до 12.02.2020 - 20:00

Охридскиот ракометен клуб, активно ќе се приклучи во големата хуминатарна мисија во собирањето на потребните средства за лекувањето на охриѓанката Сандра Ническа. По тој повод, клубот ќе организира натпревар со хуминатаретен карактер.

Составот на Охрид на 12 февруари со почеток во 18 часот ќе одигра тест средба со косовскиот клуб Беса Фамгас. Влезот изнесува 50 денари, а сите средства ќе бидат уплатени на сметката од Сандра Ническа.

На 9-годишната Сандра Ническа од Коњско, охридско, дијагностициран и е Миeлодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави. Сандра се наоѓа во педијатрискиот центар на „Yeditepe University Hospital“ во Истанбул, Турција, каде чека трансплантација на матични клетки.

Досегашното лекување на Сандра чинеше повеќе од 200.000 евра, кои семејството ги обезбеди од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини повеќе од 100.000 евра дополнителни средства, кои семејството не е во можност само да ги обезбеди.

Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:

200002729851107 MKD – Стопанска банка АД Скопје
SWIFT CODE:STOBMK2X
IBAN: MK07200002729853241 EUR
beneficiary: Lenche Nicheska
адреса: село Коњско, Охрид

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: +389 78 277 256.

OhridNews