Од ЕВН Македонија информираат дека денес од 10 до 17 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од општина Дебрца. Без струја ќе останат фармата за јајца Брежани, село Брежани, амбулантата во Белчишта, соларната ел. Централа Енсол, село Злести, Лешани, бензинската пумпа Ново Село, Горно Средорече, ЕМО Лешани, општина Дебрца, село Песочан, Велмеј, Ботун, Белчишта, ТВ антена Дебрца, Ново СЕло, Грко Поле, ТВ репетитор Велмеј, Илина ДОО, фабриката за сигурносни појаси во Белчишта.

Од ЕВН објаснуваат дека прекинот е  заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

OhridNews