Претпладне ќе има слаб локален дожд, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 13 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Затоплување се очекува во втоник, кога врнежите ќе престанат, а максималната температура ќе се искачи до 21 степен, а во среда и до 23. Нова дестабилизација на времето се очекува во четврток.

OhridNews