Охриѓани и туристите од неодамна за паркинг мораат да плаќаат и на просторот наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажата „Куба Либре“.

На паркингот со кој стопанисува градот, а кој всушност е ледина, поставени се информативни табли дека еден час паркирање чини 30 денари.

-Ќе беше во ред доколку паркинг просторот е соодветно уреден, односно асфалтиран и обележан, но вака да се наплаќа паркинг на ливада навистина не оди.-коментираат граѓаните.

По обилните врнежи викендов, поголем дел од паркиралиштето е под вода, а остатокот е прашина. Возачите кои ги затекнавме велат дека се изненадени од одлуката на надлежните и овој, до скоро слободен простор, да биде паркинг зона со наплата. Тие сметаат дека е неопходно најпрвин да се обезбедат минимум услови, а потоа да се воведе наплата на паркинг.

OhridNews