Во Охрид и во текот на наредната седмица не очекува топло и сончево време со дневни температури до 32 степени, а минимална до 18 степени.

Благо намалување на температурите ќе има од четврток до сабота кога тие ќе се движат од 27 до 28 степени, а од недела повторно ќе има покачување на температурите. Во четврток ќе има услови за краткотрајни врнежи и грмотевици.

Од наредната недела се очекува повторно покачување на температурите.

Водата во Охридското езеро е топла и пријатна за капење со температура над 25 степени.

OhridNews