
“Верувам дека ова е изолиран инцидент на поединци кои не му мислат добро на Охрид во напорите да биде град со долга туристичка сезона. Се надевам дека МВР ќе ги пронајде сторителите и ќе го расветли случајот. Сметам дека на првиот ден од изборниот циклус најмалку ни се потребни вакви инциденти кои ја носат Македонија што подалеку од ЕУ и НАТО интеграциите“, се вели во реакцијата на кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски.











