Во март 2011 година државата продаде 15.878 метри квадратни атрактивно земјиште во месноста Горица за изградба на хотел со 5 ѕвезди, за кое скопската компанија „Дивелоп груп“ на јавно наддавање тогаш понуди 63.7 милиони денари. Години подоцна од најавената инвестиција нема ништо, поради што потенцијалниот инвеститор на општината мора да и плаќа пенали.

-Не се остварија очекувањата на тоа место да никне луксузен хотел. И после шест години како што беше во договорот помеѓу општината и „Дивелоп груп“ хотелот не е изграден. Во овој момент имаме една навистина тешка ситуаца во која што ние правно не можеме да го раскинеме договорот, бидејќи со анекс е предвидено инвеститорот да плаќа договорна казна. Од 1 Мај 2018 година е таа обврска која не е мала. Секој месец во првата година плаќаат по 955 000 денари, во вторта година ќе плаќаат преку 1. 900 000 денари, а во третата 2.800 000 денари. Се додека ја плаќаат договорната казна општина Охрид не може да го раскине договорот. – изјави Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид.

Општината не сака да наплаќа казни, туку да се изгради луксузниот хотел, но засега нема такви најави, вели Стојаноски.

-До ден денес не сме имале навестувања, затоа што согласно дговорот ние имаме ингеренции само да ги следиме уплатите. Има други инвеститори кои се заинтересирани за изградба на овие хотели. Упатувам апел до „Дивелоп груп“ да седнат да се договорорат, бидејќи на нас не ни е во интерес да ни плаќаат казни, интерес на општината и државата е на тоа место да никне хотел. – рече Стојаноски.

Охрид се соочува со недостаток на квалитетни хотелски капацитети, што го кочи развојот на туризмот. Стојаноски најави дека општината наскоро ќе го донесе Деталниот урбанистички план за крајбрежјето, кој според најавите, ќе биде во согласност со препораките на мониторинг мисијата на УНЕСКО, која имаше сериозни забелешки на урбанизацијата околу Охридското Езеро во минатото.

Г.М.