Во езерските крајбрежни води, во централното градско подрачје,деновиве  можат да се забележат угинати примероци плашици, појава која е забележана и изминатите години во овој период од годината.

Стручните лица објаснуваат  дека причина може да биде наглото зголемување на температурата на водата и воздухот.

На почетокот на месец мај температурата на водата во езерото изнесуваше 15 степени, додека пак деновиве таа изнесува над 20 степени.

OhridNews