Дефанзивецот на македонската репрезентација, Ванче Шиков, во наредните три сезони ќе ги брани боите на украинскиот Волин.


Шиков во Украина оди како слободен играч, откако му истече договорот со кипарскиот Етникос Ахна. 


Коруплентниот дефанзивец ќе ја зголеми македонската колонија во Украина, таму веќе се Горан Попов (Динамо Киев), Мартин Богатинов (Карпати), Марио Ѓуровски (Металург Доњецк) и Бесарт Ибраими (Таврија).

Ohridnews