Учесниците на Меѓународниот саем за туризам што се одржува во Охрид денеска ќе бидат дел од црковно-народниот собир по повод празникот Богојавление-Водици.

Фрлањето на светиот крст во Охридското Езеро ќе го следат од брод. Со ова, велат организаторите, сакаме да им покажеме на гостите дека Охрид има што да понуди и во зима, да им го разубавиме престојот во Охрид, за да можат по нивното враќање дома да соопштат добри информации за градот.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која го организира саемот, во 10 часот на бината што ќе биде поставена на градското пристаниште  ќе им ја врачи наградата „Свети Климент Охридски“ на претседателот на Aquapura Internacional, Diogo vaz Guedes и на генералниот директор Miguel Simoes de Almeida од Лисабон, Португалија.

Ohridnews