Нацрт-законот за пакување и отпад од пакување беше презентиран на конференција во Охрид.

– Со овој закон субјектите од индустријата за пакување ќе имаат обврска да се погрижат за искористената амбалажа, а доследноста во спроведувањето на законот ќе има позитивен ефект врз животната средина и ќе ја намали ранливоста на индустријата за рециклирање во однос на надворешните економски фактори, истакна директорот за економски развој при УСАИД, Тимоти Хамон.


Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, информираше дека покрај усвојувањето на законот за управување со отпадот од пакување, ова година е предивидено да бидат изготвени и правилниците што ќе произлезат од новата легислатива.

Во рамки на конференцијата Општина Охрид ја презентираше развојната програма за справувањето со отпадот,за чија реалзиација, градот се надева на финансиска поддршка од дипломатските претставништва во земјата. Притоа градоначалникот на Охрид Александар Петрески нагласи дека Охрид, Струга и Дебрца како општини од регионот заштитен од УНЕСКО, треба да предничат во справувањето и третирањето на отпадот.


– Македонија е пред вратите на ЕУ и најмногу работа не чека токму во областа на заштитата на животната средина. Општините Охрид, Струга и Дебрца тука треба да направат исчекор, не само да работат на подигање на свеста кај граѓаните во однос на важноста на јавната хигиена, туку и да работиме и го третираме отпадот на современ начин како што налагаат европските прописи, додаде Петрески.


Секторот кој е предмет на најсеопфатно законодавство е заштитата на животната средина и управување со отпад, истакна евроамбасадорот Ерван Фуере.

-Прашањето на  управувањето со отпад е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат современите општества. Оттаму покрај донесувањето на соодветна легистлатива потребно е да се зголеми свеста на јавноста за важноста од соодветно управување и рециклирање на отпадот, истакна Фуере.

Ohridnews