ОУТУ„Ванчо Питошески” се вклучи во хуманитарно-еколошката акција за собирање пластични капачиња „Едно капаче-една надеж”, иницирана од страна на Македонската медицинска студентска асоцијација-ММСА.
Како и во останатите охридски училишта кои се приклучија кон акцијата и во ОУТУ „Ванчо Питошески“ од страна на учениците се собираат капачиња кои потоа треба да се испратат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ќе се донира на семејство кое има потреба од таква количка, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.
Од училиштето нагласуваат дека целта е учениците да ја покажат својата хуманост и да се вклучат во акцијата.
OhridNews














