Трет ден по ред во Охрид во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се одржа протестен марш на кој присуствуваа голем број граѓани, кои продефелираа низ центарот на градот. На градскиот плоштад пред охриѓани се обратија познати личности од јавниот живот.

Со транспаренти, патриотски песни и  скандирања, учесниците на протестот маршираа низ улиците на Охрид и го изразија својот револт против политичкиот договор и прифаќање на платформата на партиите на Албанците кои, меѓу другото, бараат употреба на нивниот јазик како втор службен. Тоа според учесниците на протестот претставува закана за унитарноста и вовед во федерализација и редефинирање на државата.

OhridNews