Со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, поради загаденост, се забранува употреба на водата за пиење.

Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од с. Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л. – се вели во известувањето.

До обезбедување на безбедна вода за пиење, на мештаните им се советува водата од локалниот водовод да се преврива 30-40 минути.

Освен во Косел, последните испитувања спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажаа дека водата од системите за водоснабдување во селата Велестово, Елшани, Мешеишта, Климештани, Требеништа и Свињишта не е соодветно третирана со дезинфекциско средство и согласно тоа не е безбедна за употреба.

Г.М.