Поради превентива и вториот повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во Кичево, е пренесен на скопските клиники во одделот за торакална хирургија, информираат од специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.

-Снимките од извршената компјутерска томографија покажаа дека пациентот има фрактура на пет ребра, повреди на белите дробови и главата. Тој е стабилен, но поради природата на повредите да не дојде до компликации превентивно пациентот е пренесен на одделот за торакална хирургија во Скопје, истакнааа од специјалната болница „Св. Еразмо.

Претходно, во текот на вчерашниот ден на скопските клиники беше пренесен и другиот преживеан во тешката сообраќајка во која загинаа три лица.

Поради големата трагедија во Кичево денеска е прогласен ден на жалост.

OhridNews