Златан Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон на првиот натревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони против Валенсија. “Светците“ победија со 2-1, но на реванш мечот на располагање ќе го немаат “Ибракадабра“, кој беше престрого исклучен во 90-та минута од дуелот.



– Ме боли овој црвен картон многу, но верувам јас во моите соиграчи. Искрено јас ништо не одиграв на мечот на Местаља, а ние победивме што значи дека созреваме како екипа –
изјави кратко за француските медиуми Ибрахимовиќ.

Според правилата за директен црвен картон се паузира минимум два натпревари, што значи дека Анчелоти на располагање ќе го има Ибрахимовиќ за реванш дуелот од 1/4 финалето ако ПСЖ ја елиминира Валенсија во осминафиналето.

Мх.П.