Со двата голови на Златан Ибрахимовиќ во вториот дел екипата на ПСЖ со пресврт го совлада Нанси 2-1.


Погодокот за предност на гостите го постина Камерунецот, Маконџо, а на “ибракадабра“ му беа потребни три минути да ги донесе работите во посакуваниот колосек. Со 21 и 22 погодок сезонава од 59 до 62 минута Швеѓанецот  направи комплетен пресврт и ПСЖ освои значајни три бода.

Со трите бодови по победата над Нанси избраниците на тренерот Карло Анчелоти стигнаа до 57-от сезонава и се одлепија пет бодови пред второпласираниот Лион, кој има заостанат натпревар со Марсеј.

Мх.П.