Екипи на ИЦС Стеми се секој ден на терен и редовно ја вршат својата обврска околу сервисирање на уличното осветлување, велат од компанијата која стопанисува со јавното осветлување во Охрид, на реакцијата на партијата „Левица“, која во соопштение за јавност, вчера, реагираше на проблеми со капаците на електричните светилки и побара одговорност за тоа.

Го знаеме проблемот со капаците од електричните столбови, кој се провлекува наназад и пред системот да почнеме да го одржуваме ние. Се работи за 10000 сијалични места, а проблем е и големиот број несовесни граѓани кои упорно ги вадат капаците и ги продаваат како стато железо. Нека повелат претставници од „Левица“ да им приложиме документација која е исконтролирана од недлежните за надзор во Општината, да видат колку капаци се ставаат месечно по улиците на Охрид и обиколните села. За секаква информација стоиме на располагање. – велат од ИЦС Системи.

OhridNews