Во врска со настани случени на 27-ми април, во Собранието на РМ,  вчера од страна на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности и вршен е преглед на видео записи, а во насока на идентификување на останати лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело, информираат од МВР.

Притоа, со покана биле повикани две лица од Скопје, кои по извршените разговори се дактилоскопирани и ослободени, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews