До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време за овој период. Преодно наоблачување ќе има денеска со појава на краткотраен дожд во попладневните часови на места. Максималните температури нема многу да се менуваат и ќе се движат во интервал од 18-25 степени Целзиусови, а утрински негативни температури не се очекуваат.
Од почетокот на наредната недела се очекува промена на временската состојба. Од северозапад се очекува да наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе придонесе промена на временската состојба. Ке има зголемена облачност врнежи од дожд а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег, информира УХМР Македонија.
OhridNews












