Српскиот глумец Иван Босиљчиќ, кај нашата јавност познат како главниот лик од популарните телевизиски серии „Рањени орао“ и „Непобедливото срце“, доби икона со ликот на патронот на градот Охрид – Свети Климент Охридски.

Иконата на Босиљчиќ му ја подарија учениците од проектната активност драма при охридската гимназија што го носи неговото име, кои неодамна беа гости на Театарот на Теразие во Белград, каде ја одгледаа хит-претставата на репертоарот на театарот, мјузиклот „Циганите летаат на небо“. 

Младите од Охрид воодушевени од настапот на актерската екипа, додека домаќините не го криеја своето задоволство што, како што истакнаа, група деца дури од Охрид дошла да ја одгледа нивната претстава.

Босиљчиќ и неговите колеги по завршувањето на претставата, одвоија речиси еден час од своето време за средба со охридските ученици, да одговараат на нивни прашања, а пак младите актери од Охрид не ја пропуштија можноста да направат некоја фотографија за спомен.

Инаку, Босиљчиќ во оваа прилика истакна дека имал можност да се увери во гостопримливоста на македонскиот народ и охриѓани, но оти не знаел дека е толку популарен кај нас. Најави дека нескоро повторно ќе дојде во Охрид, бидејќи како што рече, во тек се преговори за учество на наредното издание на фестивалот „Охридско лето“.

OhridNews