Дванаесет години откако прв пат настапи на Еуробаскет како тинејџер, Владо Илиевски се врати и е подготвен да го надомести изгубеното време.  Тивкиот човек во македонскиот состав е подготвен да направи голема бука во Република Македонија во Алитус и можеби дури и надвор од неа, посебно мотивиран поради тоа што го пропушти Еуробаскет 2009 година во Полска поради повреда.


Сигурно беше многу тешко за мене, но и тоа е живот.Повредите се составен дел, може да пропуштиш некој натпревар, а лани морав да го пропуштам целиот шампионат. Македонија не игра често Еуробаскет па за мене беше уште потешко да се прифати во тоа време. Но, сепак јас бев навистина задоволен како нашите момци играат во Полска. Бев многу среќен за нив, за навивачите и секако за нашата земја бидејќи оставивме добар впечаток – вели Илевски во интервјуто за официјалната веб страна на Евробаскет 2011.




Иако тој не бил вклучен, Илиевски е свесен за потенцијалните придобивки на тимот стекнати од нивните искуства и е убеден дека ќе им послужат во обидот да се заврши меѓу првите три екипи во Алитус.- Нема сомнение дека она што се случи на последниот турнир ни помага толку многу овојпат, бидејќи имаме повеќе самодоверба. Не само тоа, но можете да видите дека нашите момци се искусни момци се се` уште тука, додека помладите имаат стекнато доволно искуство и  мислам дека сме во добра позиција. Мислам дека имаме дури и подобар тим од лани , но се разбира времето ќе покаже дали сум во право – потенцираше Илиевски.

Илиевски првиот настап го имаше крајот на 1990-тите кога за прв пат настапи на Еуробаскет на  возраст од 19 години, тој одигра 15 минути против Југославија и постигна седум поени, сеќавања кои до ден денес не се избледени. – Моето прво искуство на Еуробаскет беше неверојатно.” се сеќава Илиевски.Паметам имав можност да играм против кошаркарски легенди,или кошаракри кои стануваа легенди. Чувството беше посебно да се игра на голем турнир за мојата земја, и не можев да поверувам дека играм против такви играчи. Претпоставувам дека повеќето од нив ќе се седат на трибините и ќе го следат Еуробаскет 2011 или ќе работат во канцелариите на големите кошаркарски клубови, а јас се уште  ќе играм, тоа на некој начин ме прави среќен – објаснува Илиевски.

Илиевски кој во својата кариера играша за некои од најдобрите клубови во Европа и е редовен  учесник во Евролигата очекува да му ја донесе потребната смиреност и искуство на тимот. – Јас сум тука да донесам вистинска смиреност на тимот и се надевам дека моето искуство ќе ги поврзе сите играчи на теренот. Мојата позиција во тимот е многу важна и уверен сум дека сите ќе го дадеме нашиот максимум на овој турнир. Возбуден сум, ова е место каде што секој играч сака да биде. – завршува Илиевски.

М.П.