Илина Арсова го искачи Пунџак Џаја-највисокиот врв во Индонезија
08.01.19 15:08
Познатата алпинистка и планинар, Илина Арсова, на 1 јануари, во 13:40 часот се искачи на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида на 4884 метри, кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија.
– Од технички аспект ова беше еден од по предизвикувачките врвови, бидејќи се работи за искачување на карпа со речиси вертикален нагиб и висинска должина од околу 700 метри до врвот. Ова беше 6-тиот по ред во низата на искачени седум врвови на седум континенти, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт. Имено, во светот има само 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик, а досега ниту една од Балканот, нагласува Арсова.
Експедицијата беше поддржана од Агенцијата на Млади и спорт, Федерацијата на Планински спортови и планинарскиот клуб Трансверзалец, Аџибадем Систина и Бартон сноубордс, како и приватно учество во финансиската реализација.
За оваа година во план е проектот да биде заокружен со искачување на 7-миот врв Винсон на Антарктика со што Македонија ќе се здобие со нов светски високогорски резултат.
Два случаи на физички напади и агресивно однесување пријавени во СВР Охрид На 29062026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 34-годишно лице од Охрид, постапу...
Охриѓанецот Мартин Ивановски се враќа во својот матичен клуб и е седмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона! Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпи...
Вечерва охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во концертот „Распеана чаршија“ во организација на музичката група ВИС „Билјана“ Концертот ќе се одржи со почеток во 20:00 часот на платото ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.