Илина Арсова го искачи Пунџак Џаја-највисокиот врв во Индонезија
08.01.19 15:08
Познатата алпинистка и планинар, Илина Арсова, на 1 јануари, во 13:40 часот се искачи на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида на 4884 метри, кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија.
– Од технички аспект ова беше еден од по предизвикувачките врвови, бидејќи се работи за искачување на карпа со речиси вертикален нагиб и висинска должина од околу 700 метри до врвот. Ова беше 6-тиот по ред во низата на искачени седум врвови на седум континенти, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт. Имено, во светот има само 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик, а досега ниту една од Балканот, нагласува Арсова.
Експедицијата беше поддржана од Агенцијата на Млади и спорт, Федерацијата на Планински спортови и планинарскиот клуб Трансверзалец, Аџибадем Систина и Бартон сноубордс, како и приватно учество во финансиската реализација.
За оваа година во план е проектот да биде заокружен со искачување на 7-миот врв Винсон на Антарктика со што Македонија ќе се здобие со нов светски високогорски резултат.
Компанијата Фортонмка Инвест 2, дел од групацијата Фортон, официјално стана новиот сопственик на автобуската станица во Охрид, стекнувајќи се со стратешки значаен имот кој опфаќа огромна парцела по...
Со помош на вештачка интелигенција Kumev Brothers го оживеаа минатото на Охрид изработувајќи видео запис Во видеото користени се стари архивски фотографии од Охрид во почетокот на 20 век „Охрид поч...
На 28122025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај сТополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски озн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.