По две седмици од неговото потонување бродот “Илинден“ денеска исплива на површината на Охридското езеро. Сложениот зафат го изведе специјализираната хрватска компанија „Дубина“ која  со воздушни балони прикачени со ремени на  бродот, го извлече на површината на езерската шир.

Исплива на површинатa

Вештачењето на „Илинден“ ќе се врши во каналот Студенчишта, до каде според најавите ќе биде одведен со два брода. 


Бродот „Илинден“ потона на 5 септември кај авто-кампот „Елешец“, при што со себе однесе 15 животи. Сите жртви беа туристи од соседна Бугарија.

ohridnews