Експерти од земјава, од Хрватска и од Франција, претпладнево го започнаа финалното вештачење на бродот “Илинден”.


Според првичните најави, при вештачењето ќе се тестира издржливоста на  бродот. За таа цел, тој  ќе биде подложен на најразлични оптеретувања, со што ќе се комплетираат сознанијата од целокупната истрага.


 Според она што го забележавме кај Каналот Студенчишта, каде што започна вештачењето, бродот ќе се натовари со канистри полни со вода. Тежината на канистрите  ќе биде еднаква на тежината која што ја носел “Илинден”, на 5-ти септември, кога од засега  непознати причини, потона во Охридското езеро, при што животот го загубија 15 бугарски туристи.

Е.Е.