Туристичкиот брод “Илинден“ кој вo саботата потона на дното на Охридското езеро ќе остане таму и во наредните неколоку дена. И покрај планираното лошите временски услови не дозволија бродот денеска да биде извлечен од водите на Охридското Езеро.

Бугарскиот експерт Георги Илиев, кој учествува во работата на Комисијата за утврдување на причините за потонувањето на „Илинден“, за македонските медиуми рече дека   временските услови засега не дозволуваат извлекување, посочувајќи оти се подготвува детален план за начините како ќе се вади бродот. Во интерес на истрагата, ќе се настојува „Илинден“ да биде извлечен неоштетен.

Комисијата одлучила да биде извршено дополнително подводно снимање на 12 точки од потонатиот брод, кои се сметаат за важни за истрагата. Повторното снимање е побарано бидејќи веќе направените снимки биле премногу одблиску односно не соодветствувале на барањата на истрагата.

Се очекува во текот на денов за несреќата на „Илинден“ да се огласи и Капетанијата на пристаништа со седиште во Охрид.

ohridnews